петок, 14. јануари 2022. Вести денес: 35
home Храна и пијалаци

Совети за вкусно-крцкави печени компири

Совети за вкусно-крцкави печени компири

Нутриционистка ја откри тајната што самата ја користи за приготвување печени компири, кои секојпат излегуваат крцкави.

Лора Форд од Мелбурн, Австралија, го сподели рецептот од осум состојки на својот интернет-простор. Таа, имено, користи бели компири со црвена лушпа, „екстрадевствено“ маслиново масло, путер, свежи лисја од мајчина душичка и мед.

-Овој печен компир предизвикува вистинска зависност. Совршена рамнотежа на слатко и солено, со крцкави рабови. Едноставно, нема да може да престанете да го јадете, напиша таа.

Потребни состојки:

– два килограми црвен компир.

– две лажици екстрадевствено маслиново масло,

– 50 грама путер,

– зачини за сите намени,

– сол и бибер,

– една / две лажици мед (или јаворов сируп).

Се става вода да зоврие и се додаваат компирите. Се приготвуваат 4-5 минути додека не омекнат, но да не станат кашести. Додека компирот се вари, рерната се загрева на 200 Целзиусови степени. Се става маслиновото масло и путерот се пржи во тава две минути – додека не се растопи. Се додаваат компирите и зачините, а потоа и сол и бибер. Компирот треба да биде рамномерно распореден и да не се преклопува – заради максимална крцкавост.

Сѐ тоа се пече 30 минути, потоа се превртува и се пече уште 25-30 минути додека не стане крцкаво. Потоа се истура медот (или јаворов сируп) врз компирите, додека се топли.

Коронавирус