четврток, 23. мај 2019. Вести денес: 59
home Храна и пијалаци

Содржат малку калории и согоруваат масти: Еве кое овошје треба да го јадете секој ден

Содржат малку калории и согоруваат масти: Еве кое овошје треба да го јадете секој ден

Овошјето е важен дел од здравата исхрана, изобилува со витамини и други хранливи материи потребни за телото, а исто така е одлично за губење на килограми ако го јадете меѓу оброци.

Слабењето не е лесна задача. Оние што се обиделе да ги изгубат несаканите килограми знаат колку откажувања се тоа и напор.

Затоа, добро е да знаете како можете сами да го олесните процесот.

Изберете храна која содржи малку калории и брзо согорува.

Јаболка

Тие содржат малку калории и богати се со влакна. Едно јаболко секојдневно, со кора, ќе му обезбеди на вашето тело околу 4,4 грама влакна, што е околу една петтина од препорачаната дневна доза.

Банани

Многу луѓе ги избегнуваат бананите кога сакаат да изгубат тежина, но не треба. Иако имаат околу 105 калории, тие содржат три грама влакна, што ги прави добар избор за губење на тежината.

Киви

Оваа мала овошна бонбона е богата со витамини Ц и Е.

Црните семки се одличен извор на влакна, кои помагаат при варењето. Ова овошје помага при контрола на глад, што е важно за вас ако сакате да изгубите тежина.

Шумско овошје

74 грама боровинки содржат 42 калории, а 152 грама јагоди 50 калории. Покрај тоа, ќе ви дадат чувство на ситост и намалување на нивото на холестерол, крвен притисок и воспалителни процеси во телото.

Лубеница

Изобилува со витамини А, Б и В. А 100 грама од овој плод содржи 30 калории и 90 проценти вода, поради што ќе се чувствувате хидрирани и ќе ви даде чувство на ситост.

Портокал

Тој е одличен избор ако сакате да се ослободите од маснотиите од вашето тело. Содржи малку калории, а богат е со витамин Ц и дава чувство на ситост.

Грејпфрут

Изобилува со витамини Ц, фолна киселина и калиум. Половина грејпфрут содржи само 39 калории, а ако го консумирате секој ден пред јадење, ќе го намали нивото на холестерол. Ова е плодот што треба да го јадете секој ден, ако сакате да се ослободите од стомакот.