вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 50
home Храна и пијалаци

Со што да ги мезите црвените вина

Со што да ги мезите црвените вина

Доколу пиете одговорно и умерено,  до две чаши црвеното вино на ден за мажите и по една за жените, може дури да ве лекува. Тоа содржи висока концентрација на ресвератрол, кој влијае врз должината на животот и го намалува ризикот од дијабетис и срцеви заболувања.

Добрата вино оди и со убаво мезе. Виното и комбинациите со храна, сепак се индивидуален избор, бидејќи секој има различен вкус. Сепак, црвените вина одат повеќе со потешка храна: говедско месо, сирење, тестенини.

Од „foodpanda“ објаснуваат со какви јадења е соодветно да се комбинираат различни сорти вино.

1. Мерло оди со печено пилешко или патка. Соодветно е да се конзумира со даска од сирења или со паста, која е прелеана со сос од сирење и кашкавал.

2. Каберне Совињон е густо вино, кое може да се комбинира со обилни јадења како печено јагнешко и говедско месо. Соодветно е за сите видови на паста, се служи со црвени сосови. Ова вино е единственото што оди со црно чоколадо или производи од темно чоколадо.

3. Пино Ноар идеално оди со печена мисирка и печено јагне. Добро се комбинираи со крем, лесни меки сирења, овесни тортиљи.

4. Портвајн е слатко вино, кое се комбинираат само со јаки сирења или со чоколадни производи.

5. Сира е густо вино што одговара особено добро со рифови на скара и печени зеленчуци.

6. Италијанските црвени вина како Сан Џовезе, мезете ги со богати месни сосови за шпагети или пробајте со пица пеперони. Црвените вина не се консумираат со овошје.