недела, 26. септември 2021. Вести денес: 44
home Храна и пијалаци

Смокви со чиа пудинг: Вкусен оброк полн со железо и антиоксиданти

Смокви со чиа пудинг: Вкусен оброк полн со железо и антиоксиданти

Чиа семките се одличен избор за здрав оброк или ужинка. Тие се извор на железо, калциум и магнезиум.

Потребни состојки:

300 мл бадемово млеко
50 гр чиа семки
1-2 лажици малтекс
неколку овесни колачиња или овесни снегулки
100 гр смокви
100 гр овошје за декорирање

Начин на подготовка:

Измијте ги смоквите и исечете ги на кругови. Во посебен сад измешајте ги чиа семките со млекото и со засладувачот и добро промешајте.

Скршете ги колачите, потоа ставете ги на дното од садот и прелијте ги со малку млеко со чиа семки.

Наредете ги смоквите на ѕидот на теглата, потоа повторно прелијте го млеко. Оставете го пудингот да стои во фрижидер неколку часа или преку ноќ. Одозгора ставете овошје за декорација.

Послужете го десертот ладен.

Коронавирус