недела, 5. април 2020. Вести денес: 103
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Храна и пијалаци

Сите полудеа по вертикалната диета, нема да ве изгладнува, но колку е здрава?

Сите полудеа по вертикалната диета, нема да ве изгладнува, но колку е здрава?

Доволно е која славен да држи некоја диета и таа веднаш да добие огромен број следбеници ширум светот.

Серијата „Игра на тронови“ е виновна за популарноста на оваа диета, но дали навистина знаете што значи тоа?

По кето-диетата, диетата со месо, Пеган-диетата, дојде во мода вертикална диета, по која полудеа бодибилдерите и спортистите, а можеби најпознатиот обожавател е Хафор Бјорнсон познат како „Планината“ од серијата „Игра на тронови“.

Што всушност е вертикална диета?
– Вертикалната диета е нутритивна рамка базирана на ефектот. Се темели на високо биорасположливи микронутриенти кои ја поддржуваат структурата на лесно сварливи макрохранливи состојки, кои можат посебно да се адаптираат на потребите на вашето тело – објаснува основачот на овој начин на исхрана, бодибилдерот Стан Ефердинг.

Да, звучи збунувачки. Диетата се сведува на тоа да јадете ограничен број намирници кои се хранливи и лесно сварливи, за да зајакнете и да бидете способни за понапорно вежбање.

Додека диетата зборува за макронутриенти (протеини, јаглехидрати и масти), фокусот е насочен на микронутриенти (витамини, минерали и антиоксиданти).

Зошто е позната како вертикална диета?
Замислете превртена буква Т. На дното (темелот) имате хранливи состојки – млеко, спанаќ и моркови, јајца, лосос и компир.

Овие производи не се вклучени во исхраната за да ги надополнат калориите, туку треба да ги јадете во мали количини, бидејќи се богати со хранливи состојки.

Наместо тоа, главниот извор на калории доаѓа од вертикалниот дел на буквата Т, особено од црвено месо (по можност бифтек, но и јагнешко) и бел ориз. Тоа значи дека треба да ја зголемувате количината на ориз (вертикално) како што минуваат деновите.

– Не станува збор за големи количини, туку за задоволување на вашите протеински потреби со бифтек, наместо со пилешко и риба кои не се претерано хранливи – вели Ефердинг.

На менито треба да се најдат и пченица, интегрален ориз, грав и зеленчук, како што се карфиол и аспарагус.

Дали оваа диета е здрава?

Исхраната се базира на производи богати со хранливи материи и не исфрла ниту една поголема група на производи. Ефердинг исто така тврди дека таа не подразбира „ограничување или гладување“, што е секогаш добро.

Деталите околу исхраната се малку нејасни (што значи дека мора да купите програма од 100 долари за да видите што точно се наоѓа на менито), а според Кристин Киркпатрик, диететичарка и советничка на страницата Lose It!, оваа диета е премногу ограничена.

– Вертикалната диета изледа како да содржи голема количина на протеини и зеленчук, но всушност е многу рестриктивна кога се во прашање производи богати со хранливи материи и влакна, како што се интегралниот ориз, гравот и зелениот зеленчук – вели таа.

Иако овој план може да се прилагоди на повремени постови и љубители на палео-диетата, тој дефинитивно не е прилагоден за вегетаријанците или веганите.

Коронавирус