недела, 15. декември 2019. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Сите бенефити од медот: Засладува, но и разубавува

Сите бенефити од медот: Засладува, но и разубавува

Медот е најстариот трик за убавина. Уште во далечното минато, Клеопатра се бањала во млеко и мед за да ѝ даде мекост на својата кожа, а Попеа, жената на римскиот император Нерон, со медот го одржувала својот младешки изглед.

И денеска медот се користи за повеќе намени, а најдоброто е што е евтин и го има буквално секаде. Сепак, секогаш треба да се внимава тој да е органски, без никакви адитиви, а пчелите кои го создале да не биле изложени на пестициди и вештачки ѓубрива. Еве неколку интересни употреби кои некогаш можат да ви бидат корисни.

Замена за хидратантен крем

Медот е природен хидратант, што значи дека ја привлекува и задржува влагата, па така, иако лепливо, сепак претставува одлично решение за сува кожа. Доколку сакате природна маска за лице, можете да измешате 2 лажички стопен мед со 2 лажички јогурт. Смесата нанесете ја на лицето и почекајте 15 минути. Потоа измијте се само со вода.

Гел против акни

Медот помага и за обновување на мртвите клетки на кожата, бидејќи е полн со антиоксиданси кои помагаат во борбата со оштетената кожа. Исто така, медот има антимикробни својства, што значи дека ги чисти затнатите пори, не дозволувајќи создавање на акни.

Омекнувач за коса

Медот е добар за косата од истите причини поради кои е добар за кожата. Во една чаша измешајте 3 големи лажици мед и една лажица маслиново масло. Смесата нанесете ја на вашата коса и оставете ја 20 минути. Потоа убаво измијте ја вашата коса, а по сушењето таа ќе биде мека и свиленкаста како никогаш досега.

Лекувач на рани

Со векови наназад медот бил користен како лекувач на рани. Токму поради антимикробните и хидратантните својства, медот може да и помогне на кожата побрзо да закрепне.

Освежувач на здив

Загрижени сте за вашиот здив? Во чаша со вода ставете една лажица со мед, a опционално додадете цимет и процедете лимон. Потоа направете гаргара. Исто така за сладок и свеж здив, секогаш кога пиете чај додавајте една лажичка мед.