недела, 27. септември 2020. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Што треба да пиете ако сте го почнале процесот на слабеење?

Што треба да пиете ако сте го почнале процесот на слабеење?

Напорите за слабеење најчесто почнуваат со намалувањето на бројот на внесени калории, а тоа значи внимавање на исхраната.

За да слабеете треба да постигнете калориски дефицит, односно да потрошите повеќе калории отколку што внесувате.

Во овој процес никако не смеете да ги заборавите течностите. Внесувањето доволно течности во текот на денот не само што ќе го хидратира телото и ќе го забрза метаболизмот, туку и ќе ви помогне да слабеете, но само ако внимавате какви течности внесувате.

Не заборавајте дека и во нашите омилени напитоци има калории кои можеби ќе заборавите да ги пресметате во дневното количество на внесени калории.

Прво, препорачливо е целосно да ги исклучите алкохолните пијалаци бидејќи содржат многу калории и шеќери. Ако сепак сакате да наздравите, еве неколку предлози за коктели со малку калории:

За да се разладите, освежите, хидратирате, а сепак да не внесете вишок калории, напијте се: млеко без засладувачи, вода со парчиња овошје, незасладен чај, напитоци со електролити, минерална вода.

Кога избирате свежо цеден сок одбегнувајте круша, грозје, манго и други овошја кои содржат повеќе шеќери од другите. Ваш прв избор нека бидат цитрусните (портокал, мандарина, клементина, лајм, лимон) и црвените овошја (јагоди, малини, капини, рибизли, боровинки) кои наедно се богати со антиоксиданси. Во секј случај, свежо овошје е подобар избор од индустриски сокови и напитоци кои често содржат скриени калории.

Коронавирус