среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 124
home Храна и пијалаци

Што е „појадок-диета“ и дали ни помага да изгубиме вишок килограми?

Што е „појадок-диета“ и дали ни помага да изгубиме вишок килограми?

Колку е неопходен појадокот кога станува збор за слабеење, но и одржување на витка линија, покажува и фактот дека многумина првиот оброк во денот го нарекуваат „појадок-диета“. Тоа всушност алудира на фактот дека е најважниот оброк во денот.

Тоа всушност не е диета, ниту следи што треба и што не треба да консумирате во одреден оброк. Терминот „појадок-диета” се однесува на рамномерна дистрибуција на калории во текот на денот.

Како функционира појадок-диетата?

Ова значи дека треба да го консумирате најкалоричниот оброк наутро. Тој оброк може да содржи до 700 калории. Следува ручек, кој треба да биде помалку обилен, а може да изнесува околу 500 калории. Последниот оброк во денот е вечера која треба да биде најмалиот оброк во денот со околу 300-400 калории.

Исто така, би било добра идеја да бидете сигурни дека консумирате најголем процент на јаглехидрати и протеини за време на појадок и ручек, а вечерата треба да содржи протеини и зеленчук.

Многу е важно да размислите за оброците според делови од денот. Имено, нашите хормони, кои се одговорни за согорување и складирање на маснотии, работат поинаку наутро и навечер.

 

извор: mrhealthyhouse.com

Коронавирус