понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 12
home Храна и пијалаци

Семки од сончоглед или од тиква – кои се поздрави?

Семки од сончоглед или од тиква – кои се поздрави?

Тиквата е позната како украс кој доаѓа токму во овој период од годината, но сѐ повеќе се оние кои ја вклучуваат во своето мени. И не е чудно со оглед на тоа што е тиквата исклучително вкусна и хранлива намирница која може да се подготви во стотици варијанти.

Поволно делува на регулација на варењето, на пречки на уринарните канали, како и на тенот. Научно е докажано дека семките од тиква и маслото од тиква делуваат позитивно на пречките со простатата.

Семките можат да се користат во супи, варива, како додаток на салати, а често се ставаат и врз пекарски производи.

Семките од сончоглед се извор на витамин Е, а помагаат за намалување на холестеролот во крвта и го одржуваат кардиоваскуларното здравје. Исто така, можат да ја олеснат несоницата и да го зајакнат помнењето, а се добри и за косата.

И покрај препораките да се консумираат како меѓуоброк, енергетската вредност на двата видови семки е многу висока. Со други зборови, ако се претера со консумацијата, тоа може да доведе до прекумерно дебелеење.

Кога станува збор за изборот на едните или на другите семки, подобро одлучете се за семките од тиква затоа што во однос на сончогледовите семки, сепак се побогати со омега-3 масни киселини. Иако двата видови семки содржат и фитостероли и витамин Е, многу важен антиоксиданс, содржината на фитостероли во семките од тиква е сепак поповолна.

Овие намирници се здрави и корисни како составен дел од избалансираната исхрана, но со прекумерна консумација може да се дојде до енергетски суфицит и – да се здебелите.

Коронавирус