понеделник, 25. јануари 2021. Вести денес: 111
home Храна и пијалаци

Секој може да ја направи, а никој не може да и’ одолее: Пита со сирење и павлака

Секој може да ја направи, а никој не може да и’ одолее: Пита со сирење и павлака

Пробајте ја оваа неодолива пита со сирење

Состојки:
450 г тенки кори за пита
500 г иситнето сирење
400 мл павлака за готвење
4 јајца
200 мл минерална вода
1 прашок за печиво
масло за прскање на корите
сол

Приготвување:
Во подлабок сад се поврзуваат иситнетото сирење, 200 мл павлака за готвење, јајцата и прашокот за печиво. Се посолува по вкус и се меша со маталка, да се добие воедначена кашеста смеса.

Плех со средна големина се премачкува со масло. Внатрешноста се обложува со кора за пита, се попрскува со масло и се прекрива со друга кора. Се премачкува со малку фил и се прекрива со кора (ако е кората поголема од плехот, малку се набира). Постапката на полнење (кора, фил) се повторува додека се потроши приготвениот материјал, се завршува со две кори. Краевите на корите се набираат, а горната кора се премачкува со масло.

Полнетата пита накрсно се сече на коцки. Посебно се мати минералната вода со 200 мл павлака за готвење, па се прелева преку питата. Се остава да отстои 30 минути, за корите да ја впијат течноста.

Се пече во загреана рерна на 200°Ц, околу 40 минути, додека зарумени.

Извор: Добра храна

Коронавирус