четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 137
Во живо

Народот против загадувањето на воздухот, протести организирани од ВМРО-ДПМНЕ во 19 часот

home Храна и пијалаци

Седум важни причини зошто да додадете цимет во вашите оброци

Седум важни причини зошто да додадете цимет во вашите оброци

Циметот е популарен зачин кој многу често се употребува како додаток во пити со јаболка, кафе, чај, сутлијаш. Но и покрај убавиот вкус, постојат и здравствени причини поради кои треба почесто да го консумирате.

Циметот изобилува со калциум, железо, манган и со моќни антиоксиданси. Во продолжение неколку здравствени причини зошто да додадете повеќе цимет во вашите оброци.

1. Циметот ја подобрува функцијата на мозокот

Циметот помага во забрзување на работата на мозокот, ја зголемува меморијата, фокусот и вниманието. Помага да се намали ризикот од Алцхајмерова болест. Исто така помага во борбата против депресијата и главоболките. Умерено додавајте цимет во вашите утрински пијалаци и ќе ги почувствувате здравствените придобивки.

2. Циметот е добар за вашето срце

Во едно истражување е докажано дека зачините како циметот и куркумата во исхраната овозможуваат намалување на негативните ефекти при консумирањето на масти. Мастите го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања, а овие два зачина може да послужат за балансирање на нивното количеството.

3. Помага во намалување на тежината

При комбинирање на здрава храна и редовно вежбање се постигнува резултат на смалување на килограмите. Циметот го забрзува метаболизмот, го регулира нивото на шеќери, два клучни фактори кои играат важна улог во процесот на слабеење.

Совет: При подготвувањето на вашиот диетален оброк додадете малку цимет. Не очекувајте ги резултатите веднаш, тие ќе дојдат по долготрајниот пат.

4. Го регулира дигестивниот систем

Тој помага при тешко варење на храната, при киселини, дијареја, па дури и хронични болки како артритис. Веројатно не го користите циметот како зачин за супа, но се препорачува да го консумирате и во таква комбинација.

5. Помага во контролирање на промените на расположението за време на ПМС

Циметот е извор на манган, кој го контролира расположението и грчевите кои се јавуваат за време на ПМС. Покрај тоа помага и во балансирање на хормоните, затоа подгответе си оброк кој содржи банани, темно чоколадо, ореви, авокадо, бадемово млеко и додадете си цимет. Предменструалните денови ќе ви минуваат посреќно и полесно.

6. Го подобрува вашиот здив

Неретко се употребуваат екстракти од цимет во пастите и мастиките, поради тоа што има антибактериско и заштитно дејство врз непцата и забите. Исто така го подобрува вашиот здив.

7. Корисен е и за вашата кожа

Не ја надразнува кожата. Го намалува чешањето и црвенилото на лицето. Помага и во борбата против акните. Добар е и за масажи, ги релаксира мускулите и зглобовите.

Коронавирус