четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 129
home Храна и пијалаци

Се откажавте од белиот леб, а мислите дека ова е здраво? Многу голема грешка правите!

Се откажавте од белиот леб, а мислите дека ова е здраво? Многу голема грешка правите!

Можеби одлучивте од исхраната да го исфрлите белиот леб, но сигурни ли сте дека со тоа му правите услуга на вашиот организам доколку продолжите да консумирате уште поопасни намирници?

Кафе со многу шеќер, шлаг и чоколада

Во едно кафе (кое нема калории) со различни додатоци можат да се соберат дури 400 калории. Поточно, цел еден оброк.

Овошни шејкови

Колку и да мислите дека се здрави, држете се до 1 чаша на ден. Содржи околу 20 грама јагленохидрати. Само не додавајте дополнително шеќер.

Крекери со сирење/кашкавал

Не содржат астрономско количество јагленохидрати, но многу се лоши зашто немаат ниедна друга хранлива вредност. Полни се со адитиви, хемикалии и вештачки бои. Не се лажете ни на органската верзија.

Мафини

Омилен појадок на многумина. Но ова мало благо парченце може да содржи и 64 грама јагленохидрати и над 30 грама шеќер. Значи, не се разликува многу од парче торта.

Овошни јогурти

Одличен избор за ужина пред вежбање, но оние кои содржат и парченца овошје се друга приказна. Една чашка обичен јогурт содржи 12 до 15 грама јагленохидрати, а овој овошниот и 30 грама. Поздрава варијанта е со обичен јогурт да грицкате свежо овошје.

Коронавирус