понеделник, 17. јуни 2019. Вести денес: 18
home Храна и пијалаци

РЕЦЕПТИ: Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

РЕЦЕПТИ: Безброј придобивки од ѓумбирот, подгответе си здравје во чинија и чаша

Иако доручекот е најважниот оброк во денот, понекогаш може да стане монотон и досаден… Освен ако имате ѓумбир.

Оваа разноврсна суперхрана има безброј здравствени придобивки, од лекување на болести до намалување на болката во мускулите. Но, поради што ѓумбирот е навистина толку супер?

Без разлика дали сакате да додадете зачин во вашата храна или да го зачините кафето за огнен почеток на денот – ѓумбирот може да придонесе за неверојатни и уникатни вкусови.

Ви носиме осум начини како да ги искористите здравствените предности на ѓумбирот во вашиот доручек.

Зачин за вашето утринско кафе

Кафето и ѓумбирот создаваат моќна комбинација на борба против слободните радикали, особено затоа што кафето е еден од најголемите извори на антиоксиданси.

За да ја добиете вашата супердоза, едноставно додадете мелен ѓумбир во една шолја кафе (една лажичка по чаша) или испробајте го јеменскиот пијалок Qishr. Ова традиционално блискоисточно кафе не само што е вкусно туку и е одлично за варење.

Како да направите Qishr?

Состојки: 1 чаша вода, 6 лажички кафе, 2 лажички шеќер, 1 1/2 лажички мелен ѓумбир, 1/2 лажичка цимет по желба (ако кафето има премногу ѓумбир за вашиот вкус).

Подготовка:

1. Измешајте ги сите состојки во ѓезве или во лонче и пуштете го да зоврие.

2. Откако ќе зоврие, извадете го ѓезвето од оган, и откако кафето ќе престане да врие – вратете го на шпорет и оставете го да зоврие уште еднаш.

Дневна доза на витамин Ц

Чајот од гумбир е популарен пијалок во зима. Не само што нè загрева и ни пружа утеха, туку и ни помага да го смириме стомакот. Чаша од овој чај наутро исто така помага во борбата против мачнина од сите врсти.

Чај од ѓумбир можете да го подготвите на едноставен начин, со додавање на рендан ѓумбир во зовриена вода. После 10 минути можете да додадете малку мед и вашиот супер чај е подготвен!

Овој чај исто така може да биде одличен пијалок во претстојните летни денови: Само оставете го да се излади и додадете неколку коцки мраз и лимон по желба.

Здрава опција за сладок доручек

Ставате често овошни џемови, но дали некогаш сте пробале џем од ѓумбир со лимон и портокал како здрава опција за сладок доручек?

Состојки:
100 гр ѓумбир, 300 ml вода, 2 лимони, 2 портокали, 200 гр кокосов шеќер или малку мед, половина кесичка џем.

Подготовка:

1. Исчистете го ѓумбирот и измијте ги ситно исецканите мали парчиња или ленти. Можете да ги изрендате.

2. Портокалот и лимонот добро измијте ги, изрендајте ја кората, а излупеното овошје исцедете го.

3. Во тенџере ставете ѓумбир, кора од лимон и од портокал и исцедете сок. Наполнете го садот со вода и варете додека не зоврие.

4. Откако што ќе зоврие додадете кокосов шеќер и продолжете со готвење уште 10 минути и измешајте ја смесата.

5. Тргнете го џемот од шпоретот па ставете го во загреани тегли и оставете го да се излади (ладењето ќе го згусне џемот).

Сируп за палачинки, вафли, овесна каша и пијалоци

Дали сте слушнале за сируп од ѓумбир? Со само три состојки – овој вкусен сируп можете да го користите во пијалоци, овесни каши, палачинки и вафли.

Состојки: 1/4 килограм излупен и ситно исецкан ѓумбир, 1 чаша кокосов шеќер или мед, 1 сок од лимон, 1 чаша вода.

Подготовка: Сите состојки варете ги околу 30 минути, и мешајте ја смесата додека не добиете мазна текстура.

Антивоспалителна гранола

Крцкавите гранули за јадење полни со влакна секогаш се едноставен, здрав и вкусен избор за појадок. Но, ако додадете ѓумбир на целата мешавина – комбинацијата ќе биде уште подобра.

Нарендајте 2 ипол см ѓумбир и измешајте го со мед или стопено кокосово масло, а потоа целиот прелив истурете го врз гранолата. Ѓумбир во доручек има одлични антивоспалителни својства!

Сок од ѓумбир за будење

За да го зачините вашиот утрински пијалок, обидете се со сок од ѓумбир кој ќе ве разбуди. Сокот од ѓумбир е одличен во разни комбинации, а има безброј здравствени придобивки, од стимулацијата на метаболизмот до природна борба против бактериите. Исто така е одличен за лекување на болка, менструални грчеви и чувствителност од вежбање.

Ако сокот од ѓумбир е прејак за вас, додадете го во утринското смути или шејк после вежбање.

Енергетски топки во движење

Ви недостасува време? Можете сеуште да ги искористите предностите на ѓумбирот во движење. Подгответе здрави енергетски топки од ѓумбир.

Состојки: 1 чаша мали овесни снегулки, 3/4 путер од бадем или кикирики, 1/2 чаша изрендани кокосови листови,1/2 чаша сомелени ленени семки, 1/4 чаша семе од сусам, 1/4 чаша јаворов сируп, 1 лажичка цимет, 1/2 лажичка ѓумбир
1/4 лажичка сол.

Подготовка:

1. Измешајте ги сите состојки во голема чинија сè додека мешавината не стане изедначена и леплива.

2. Ставете го садот во фрижидер околу 10 минути за да стане цврста и лесна за обликување.

3. Со влажни раце креирајте мали топки. Ставете чинија вода на страна, бидејќи е полесно да ги обликувате топчињата со мокри раце.

4. Ставете ги енергетските топки во фрижидер половина час и потоа уживајте. Можете да ги чувате околу две недели во фрижидер.

Утрински колачи идеални пред вежбање

Се разбира, ѓумбирот е популарен дел за разни десерти – колачи, тесто, пити, и можете да го вклопите во утринската доза на слатки, односно утрински колачиња.

Испробајте утрински колачиња со лимон и ѓумбир, а ако вежбате наутро, овие колачиња се одлични како за пред вежбање.

Состојки:
2 банани, 2 лажички вода, 1/2 чаша путер од јаткасти плодови (бадеми или кикирики), 2 лажички кокосово масло, 1 лажичка екстракт од ванила, 2 лажички агавен сируп, 1 лажица сецкан свеж ѓумбир, сок од еден лимон, 1 лажичка прашок за пециво, 1 чаша овесни снегулки, 1/4 чаши сецкани јаткасти плодови (индиски ореви, бадеми или ореви)

Подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени и ставете хартијата за печење.

2. Во блендерот измешајте банана, вода, путер од јаткасти плодови, кокосово масло, екстракт, сируп, ѓумбир и сок од лимон.

3. Во здела мешајте ги сите состојки додека убаво не се соединат.

4. Обликувајте ја формата во округли колачиња и ставете ги во тава. Печете ги 12-15 минути додека не потемнат.