понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 140
home Храна и пијалаци

Рецепт за вкусен есенски коктел од само 4 состојки

Рецепт за вкусен есенски коктел од само 4 состојки

Мимоза е класичен коктел што се подготвува од само две состојки – пенливо вино и сок од портокал, но есенската верзија од овој коктел ќе ја направите со додавање јаболков сајдер.

Потребни состојки:

0,75 л пенливо вино
250 мл јаболков сајдер
2 лажици шеќер
1 лажица цимет

Начин на подготовка:

1. Измешајте ги шеќерот и циметот во мала чинија

2. Натопете го горниот дел од чашата за шампањ во вода за да го навлажните работ на чашата.

3. Потоа, ставете го влажниот раб на чашата во мешавината од шеќер и цимет.

4. Наполнете една четвртина од чашата со јаболков сајдер, а потоа остатокот дополнете го со шампањ.

5. Послужете веднаш и уживајте.

Локални избори 2021