недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 82
home Храна и пијалаци

Рецепт за супа „убиец на вируси“: Преполна е со цинк и селен, а еве што сè ви е потребно

Рецепт за супа „убиец на вируси“: Преполна е со цинк и селен, а еве што сè ви е потребно

Овие минерали се многу значајни во заштитата од вирусите, така што вистински момент е јадењето кое што ќе ви го предложиме да се најде на вашето мени.

Состојки:

– 1/2 кокосово масло;
– 6 чешниња лук;
– 1 исецкан кромид;
– 1/2 шолја исецкани бадеми;
– 2 лажици куркума;
– 2 лажици кари во прав;
– 2 црвени пиперки;
– 1 килограм благ компир;
– 2 ловорови листа;
– 6 шолји супа од зеленчук;
– сол и црн бибер.

Подготовка:

Во поголемо тенџере ставете ги кокосовото масло, лукот, бадемите, куркумата и карито. Сето тоа добро измешајте го, па динстајте на умерена температура додека состојките не омекнат.

Додадете ја пиперката, компирот, ловоровиот лист, а потоа додадете ја супата од зеленчук.

Оставете да крчка, намалете ја температурата и поклопете го тенџерето. Гответе околу 30 минути, додека компирите не омекнат.

Извадете ги ловоровите листа, а остатокот од смесата ставете го во блендер додека не добиете кремаста смеса.

Вратете го ловоровиот лист назад и варете уште 15 минути. Зачинете по вкус со сол и бибер.

ЕУРО 2020

Македонија