сабота, 27. ноември 2021. Вести денес: 102
home Храна и пијалаци

Рецепт за солена пита од палачинки: Вкусен и едноставен оброк кој го обожуваат и децата и возрасните

Рецепт за солена пита од палачинки: Вкусен и едноставен оброк кој го обожуваат и децата и возрасните

На палачинките ретко кој може да им одолее, но веројатно не сте ги јаделе често во облик на пита.

Палачинките веројатно сте ги јаделе на многу начини, и солени и слатки, со печеница и павлака, кашкавал, но и со ореви и мед, бисквити… Меѓутоа, веројатно малкумина го пробале овој фантастичен рецепт за солена пита од палачинки.

Состојки за тесто:

– 200 грама меко брашно;
– 2 јајца;
– 3 децилитри млеко;
– малку млака вода;
– малку сол;
– малку шеќер.

Состојки за фил и прелив:

– 200 грама крем-сирење;
– 200 грама печеница;
– 2 чаши кисела павлака;
– 200 грама кашкавал;
– 2 јајца.

Подготовка:

Направете тесто за палачинки од брашното, јајцата, маслото за јадење, млекото, малку вода, сол и шеќер и оставете половина час да стои во фрижидер.

Од тестото на тава за палачинки испечете 10-12 палачинки.

Потоа во сад за печење на дното ставете две или три палачинки (во зависност од големината на садот) премачкајте со масло за јадење.

Изматете го крем-сирењето, една чаша павлака и потоа изрендајте кашкавал. Над палачинките во садот ставете од филот, а над него ставете тенко исечени парчиња печеница.

Повторете ја постапката додека не ги потрошите намирниците водејќи сметка на најгорниот слој да бидат палачинките.

Изматете две јајца и чаша кисела павлака и прелијте ја питата.

Загрејте ја рерната на 200 степени Целзиусови и печете околу 30 минути.

Пријатно јадење!

Коронавирус