петок, 22. ноември 2019. Вести денес: 18
home Храна и пијалаци

Рецепт за почетници: Домашна пита со сливи и бадеми

Рецепт за почетници: Домашна пита со сливи и бадеми

Доколку сте љубител на пити, ви го предложуваме овој рецепт за домашна пита со сливи и бадеми. Се подготвува лесно и е одличен за оние кои се почетници во кујната.

Состојки:

1 пакување лиснато тесто

500 гр. зрели сливи

80 гр. кафеав шеќер

50 гр. бадеми

Половина лимон

Едно јајце

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 220 степени. Лиснатото тесто ставете го на хартија за печење.

Измиените сливи исечете ги на кришки, промешајте ги со шеќер и сок од лимон и наредете ги на тестото.

На краевите оставете слободен простор од кој ќе направите корка.

Премачкајте ја корката со јајце, печете 5 минути а потоа намалете ја температурата на 200 степени.

Печете уште 10 минути додека тестото да добие златеста боја, а сливите да станат меки. Пред да послужите, наредете бадеми одозгора.