петок, 19. октомври 2018. Вести денес: 120
home Храна и пијалаци

Рецепт за пирошки кои ќе ги приготвувате често

Рецепт за пирошки кои ќе ги приготвувате често

Потребни состојки за овој рецепт:

2 јајца

500 гр. тенки кори за пита

250 гр. сирење

Масло за пржење

Постапка:

Изматете ги јајцата со сирење во пенаста маса. Ако не е доволно компактна и подготвена за премачкување на корите, додадете малку масло.

Корите за пита пресечете ги на половина и филувајте ги.

Премачкајте ја кората по цела должина со филот од сирење, свиткајте ги краевите за да не истекува филот и свиткајте во пирошка.

Загрејте го маслото за пржење, па испржете ги пирошките од двете страни додека да поцрвенат.

Пирошките можете да ги послужите со јогурт.