четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 158
home Храна и пијалаци

Рафаело топчиња кои се прават за 5 минути

Рафаело топчиња кои се прават за 5 минути

Рафаело топчиња за 5 минути, за сите љубители на кокосот, одлични снежни топчиња за секој ден, а особено е омилена за новогодишните празници. Се топат во уста, имаат неодолив вкус. По желба во секое топче можете да ставите по еден лешник.

Потребни состојки: 350 мл млеко, 38 г пудинг со вкус на ванила, 4 супени лажици шеќер, 30 г путер или маргарин, 100 г бело чоколадо, 100 г кокос, 200 г мелени бадеми. Постапка: Во едно тенџере ставете 350 мл млеко и 38 г пудинг со вкус на ванила (1 кесичка).

Додадете и 4 лажици шеќер (или по вкус) па измешајте убаво со жица за матење за да се растопат состојките и да нема грутчиња. Потоа тенџерето ставете го на умерен оган за да зоврие и со постојано мешање сварете го пудингот додека да згусне.

Сварениот крем тргнете го на страна и додадете 30 г путер и 100 г бело чоколадо искршено на коцки. Измешајте додека е топол пудингот за да се растопат додадените состојки и да се соединат во кремот. На крај додадете 100 г кокосово брашно и 200 г мелени бадеми (или лешници, по желба).

Формираните топчиња валкајте ги во кокосово брашно и редете ги во чинија за послужување. Од оваа смеса излегуваат 20-тина топчиња.

 

Коронавирус