Појадок кој може да го однесете на работа, излет или каде и да посакате.
Состојки (доза за 4 лица):
2 јајца
250 гр. рендани тиквички
100 гр.рендан морков
70 гр. рендано сирење
100 мл. јогурт
100 мл. минерална вода
4 лажици зејтин
1 чаша (200 мл) пченкарно брашно
1/2 чаша овесни снегулки
1 прашок за печиво
сол
Подготовка:
Изматете ги јајцата и додадете сол.
Додадете го сирењето, овесните снегулки, брашното и прашокот за печиво. Промешајте, па додадете ги крупно ренданите тиквички и морков, минерална вода и јогурт (може како замена да користите и млеко).
Со мешање соединете ги сите состојки.
Смесата распоредете ја во калапи за мафини. Печете во претходно загреана рерна околу 30 минути на 180 степени.