недела, 12. јули 2020. Вести денес: 145
МЕГА БОМБА

Нуклеарна бoмба: Заев зема рeкет од 6 милиони евра! (АУДИО)

home Храна и пијалаци

Придобивките од кивито за човековото здравје

Придобивките од кивито за човековото здравје

Кивито за првпат станало популарно на Нов Зеланд, а плодовите на ова овошје денес ги уживаат луѓето ширум целиот свет. Зад добриот вкус лежат многуте хранливи материи, како што се витамин Ц, К и Е, фолна киселина, калиум, растителни влакна и антиоксиданти.

Кивито може да се консумира цела година. Следат некои од здравствените придобивки од ова овошје…

Антиоксидансите, односно витаминот Ц го подобрува имунолошкиот систем и помага во спречување настинка и грип. Натаму, како што покажуваат и научните истражувања, консумирањето три киви на ден може да го намали крвниот притисок. Причината за ова е што ова овошје содржи лутеин, што исто така, е моќен антиоксиданс.

Кивито (како и повеќето овошја) содржи и многу растителни влакна, а тие пак, поволно влијаат на целокупниот систем на варење. Кивито го подобрува и видот.

За повеќето луѓе, кивито е безбедно за јадење, но кај оние кои се алергични на ова овошје, може да се појави отечен јазик, осип, тешко голтање, па и повраќање.  (МИА)

Парламентарни избори 2020