четврток, 6. август 2020. Вести денес: 75
home Храна и пијалаци

Предлог за ручек: Лазањи со тиквичка и сирење

Предлог за ручек: Лазањи со тиквичка и сирење

Само за љубителите на италијанската кујна – рецепт кој ќе го обожавате.

Потребни состојки:

Две тиквички

4 шолји сос од домати

Босилек

Сол и бибер

Кори за лазањи 400 гр

300 гр фета сирење

50 гр биено сирење

Маслиново масло

Начин на подготовка:

Исечете ги тиквичките на долги ленти и пропржете ги на маслиново масло.

Зачинете го сосот со домати со сол, бибер и босилек. Во сад за печење наредете малку сос, ред лазањи, тиквички и додајте малку фета сирење. Редете ги состојките на овој начин додека да ги потрошите. Последниот слој треба да бидат тиквичките, а над нив нарендајте биено сирење.

Покријте ги со алуминиумска фолија и печете околу 45 минути на 190 степени. Тргнете ја фолијата, печете уште 10 минути, оставете да се излади и послужете.

Коронавирус