четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Храна и пијалаци

Предлог за денешниот ручек: Пиле полнето со ориз

Предлог за денешниот ручек: Пиле полнето со ориз

СОСТОЈКИ

– 1,5 кг пиле

– 120 г ориз

– растилен бујон за супа

– 60 г сушени сливи или кајсии, суво грозје

– ½ чаша суво бело вино

– 50г путер

– ароматични билки по избор

– свежо цеден сок од мандарини

– маслиново масло

– сол и црн пипер

ПОДГОТОВКА:

Во голем сад ставете го путерот, сливите исечкани на мали парчиња (или кајсиите, а ако користите суво грозје, оставете ги зрната цели). Нека се динстаат кратко на путерот, па додајте го оризот и запржете го. Додајте го виното и динстајде додека испари, а потоа варете го постојано со додавање на бујон, како да варите ризото. Секогаш додадете нова течност, откако ќе испари претходната. Додека го варите постојано мешајте. Но, не го преварувајте. Пилето посолете го и наполнете го со оризот. Ставете го во сад за печење, премачкајте го со маслиново масло, зачинете со црн пипер и суви ароматични билки по ваш избор. Во садот, околу пилето, можете да ставите зеленчук по избор. Покријте го со фолија и печете го на 200 степени 30 минути. Прелејте го со сок од мандарина, тргнете ја фолијата и печете уште 30 минути.

ЕУРО 2020

Македонија