четврток, 28. јули 2022. Вести денес: 181
home Храна и пијалаци

Правите голема ГРЕШКА! Дали знаете колку може да биде ОПАСНО да пробувате овошје на пазар?

Правите голема ГРЕШКА! Дали знаете колку може да биде ОПАСНО да пробувате овошје на пазар?

Колку пати сте посегнале по некое овошје на пазар за да го пробате?

Ова е голема грешка, предупредуваат експертите, бидејќи може да доведе до здравствени проблеми.

Имено, кога температурите се високи, се зголемуваат труењата и инфекциите, а храната е главен „носител“ на опасните бактерии и патогени.

Кога ќе пробате само една неизмиена бобинка или овошје, може да се заразите со ешерихија, ентеровирусна инфекција и разни црви. Во исто време, ризикот значително се зголемува кога земате храна со неизмиени раце.

Експертите предупредуваат дека е невозможно со голо око да се одреди кое овошје или зеленчук содржи патогени бактерии и вируси кои предизвикуваат труење.

Затоа, постои разумен ризик дека ќе го изедете токму она што ги има овие патогени.

Затоа, задолжително измијте ги рацете, а потоа овошјето и зеленчукот пред да ги јадете.

Според лекарите, симптомите на труење со храна се висока температура (од 37 до 40 степени), малаксаност, губење апетит, гадење, повраќање, болки во стомакот и надуеност, течна столица и дијареа. Особено подложни на труење се децата и постарите лица и лицата со ослабен имунитет.

Коронавирус