вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 62
home Храна и пијалаци

После ова никогаш повеќе нема да ставате лимон во пијалокот

После ова никогаш повеќе нема да ставате лимон во пијалокот

Ако сте од оние луѓе кои не можат да си го замислат пијалокот без парчиња лимон во него, тогаш после ова сознание длабоко ќе се разочарате.

Парчињата лимон во леден чај, коктели и други пијалоци навистина даваат посебна арома и свежина, но тоа е само убава слика однадвор. Ако малку подлабоко размислиме за тоа дали е тоа здраво и добро за нашиот организам, дали ќе можеме да одговориме на прашањето – колку воопшто е чисто тоа парче лимон кое се наоѓа во нашата чаша?

Студијата која е објавена во Journal of Environmental Health уште во 2007 година ги покажала резултатите од 21 различен ресторан. Тие заклучиле дека речиси 70 отсто од примероците произведуваат некој вид на микроби.

„Микробите кои се пронајдени на нашите примероци од лимон имаат потенцијал да предизвикаат заразни болести“, напишал во студијата еден од главните истражувачи.

Д-р професор по микробиологија и патологија на Универзитетот во Њујорк, Филип Тиерно, не ја ублажил загриженоста во врска со различните бактерии кои престојуваат во пијалоците кои ги конзумираме во рестораните и кафулињата.

„Келнерот или барменот најпрво го зема лимонот во раце, го допира, го сече, па го става во вашата чаша. Тоа е процес кој трае, а вие не можете да бидете сигурни дали тој ги измил рацете пред да ја направи таа работа“, објаснува докторот.

Дури и ако рестораните и кафулињата практикуваат миење на лимонот веднаш откако ќе го донесат за употреба, никако не можеме да бидеме сигурни каква е личната хигиена на личноста која е последна во тој синџир додека лимонот дојде до нас.