вторник, 17. септември 2019. Вести денес: 36
home Храна и пијалаци

Посен ручек: Похувани печурки во пиво

Посен ручек: Похувани печурки во пиво

Состојки:

Две чаши пиво

Две чаши брашно

Две лажички лук во прав

Две лажички сол

Лажичка бибер

Лажичка сушен магдонос

3-6 чаши масло (во зависност од тоа колку е голема тавата)

Околу половина килограми печурки

Подготовка:

Истурете го маслото во тава – треба да биде доволно за печурките да бидат целосно покриени. Во сад измешајте пиво, брашно, лук во прав, сол, бибер и магдонос и добро измешајте за да нема грутки. Измијте ги и исчистете ги печурките, па потопете ги во оваа смеса. Пржете ги во масло додека да добијат крцкава коричка.

Кога ќе завршите со пржење, ставете ги во сад, зачинете со сол, измешајте и сервирајте со салата.