сабота, 10. април 2021. Вести денес: 86
home Храна и пијалаци

Помфрит од рерна, со 2 состојки кои му даваат неодолив вкус: Рецепт за совршен прилог со секој ручек

Помфрит од рерна, со 2 состојки кои му даваат неодолив вкус: Рецепт за совршен прилог со секој ручек

Помфритот е омилен прилог со повеќето јадења со месо. Сепак, она што ги тера многу луѓе да стават помфрит на списокот на непожелни прилози е големата количина на масло што ја апсорбираат компирите при пржење.

Паметните домаќинки најдоа одлично решение – помфрит од рерна, што е исто крцкав како оној од пржење или тава, но со минимално количество масло.

Состојки:
1 кг компир
3 полни лажици пченкарно брашно
црвен пипер
суви зачини
бибер
2 лажици масло

Припрема:
Излупете го компирот, па исечете го на осмини.

Соединете ги пченкарно брашно, црвен пипер, сув зачин и бибер, а потоа во таа мешавина додате ги компирите.

Поставете плех со хартија за печење, ставете ги компирите на хартијата, лесно посипете ги со масло и ставете ги во рерна. Компирите треба да се печат на 250 степени додека не поруменат.

Послужете со кое било јадење од месо и сезонска салата.

Коронавирус