Деновиве на социјалните мрежи најголем хит е рецептот за кашкавалки.
По него “полудеа“ македонските домаќинки. Лесно е за правење, а превкусно.
Кашкавалките ги обожаваат и возрасните и децата.
Потребни состојки:
300 грама брашно
Едно пециво
Сол по вкус
150 грама рендан кашкавал
250 милилитри јогурт
(доколку сакате, можете да додадете и некој зачин кој ви се допаѓа)
Начин на подготовка:
Сето ова заедно се меси и се расукува на кора со дебелина од околу еден сантиметар.
Формите можат да се сечат со калапчиња, за да им бидат поинтересни на децата, а доколку немате, можете тоа да го направите со чаша, па ќе добиете кругчиња.
Се печат 20 минути на 200 степени.
*Рецептот и фотографијата се испратени од читателка на КУРИР
loading...