понеделник, 24. јануари 2022. Вести денес: 83
home Храна и пијалаци

ПЛЕСКАВИЦИ ОД ТИКВИЧКИ И ПИЛЕШКО: Гурманска, а ефтина вечера!

ПЛЕСКАВИЦИ ОД ТИКВИЧКИ И ПИЛЕШКО: Гурманска, а ефтина вечера!

Послужете ги плескавиците од тиквички и пилешкo со зелена салата и јогурт или кисело млеко… Уживајте!

Состојки:

200 гр тиквички
500 гр мелено пилешко (или мисирка)
четвртина шолја презла
чешне лук
две лажици рендан црвен кромид
малку масло
сол, бибер

Подготовка:

Тиквичките изрендајте ги, посолете ги, оставете ги да отстојат 20 минути, па добро исцедете ги од вишокот вода. Се ставаат во сад, се додава меленото пилешко или мисирка, издробениот лук, ренданиот црвен кромид, презла, солта и биберот и сето убаво се меша. Од добиената смеса формирајте плескавици и печете ги на скара или во тавче со малку масло додека не добијат убава боја од двете страни.

Коронавирус