среда, 22. јуни 2022. Вести денес: 165
АКТУЕЛНО

Падна владата во Бугарија, Кирил Петков повеќе не е премиер

home Храна и пијалаци

ПИКАНТЕН КОМПИР СО СЛАНИНА И ЈАЈЦА! Вечера за паметење!

ПИКАНТЕН КОМПИР СО СЛАНИНА И ЈАЈЦА! Вечера за паметење!

Откако ќе подготвите компири на овој начин, веруваме дека често ќе се наоѓаат на вашата трпеза. Освен за вечера, можете да ја послужите и како главно јадење… Уживајте!

Состојки:

маслиново масло
1,5 кг млад компир
две или три чешниња лук
две суви лути пиперки
100 гр сланина
четири јајца
мајчина душица, босилек
сол, бибер

Подготовка:

Младите компири убаво измијте ги, па варете десетина минути во посолена зовриена вода за малку да омекнат. Потоа исцедете ги и префрлете во тава. Додадете цели чешниња лук, исечкани лути пиперки и ситно сечкана сланина. Посолете, додадете бибер, мајчина душица и босилек, маслиново масло и печете во рерна на 200 степени 25 минути. Во меѓувреме испржете ги јајцата на око, па послужете ги со компирите.

Коронавирус