четврток, 15. ноември 2018. Вести денес: 14
home Храна и пијалаци

Пет работи кои не треба да ги правите на „гладно срце“

Пет работи кои не треба да ги правите на „гладно срце“

Правилниот распоред на оброците во денот влијае на целото психичко и физичко здравје на човекот. Затоа распоредете ги паметно оброците во денот и прилагодете во времето за јадење на вашиот начин на живот. Доколку некогаш не сте во можност да имате оброк или ужина, препорачливо е да ги избегнувате овие 5 работи.

Не легнувајте да спиете изгладнети. Секако дека треба да се воздржите од прејадување навечер пред да заспиете, но тоа не подразбира дека треба да ја исклучите вечерата од вашето дневно мени.

Не одете да пазарите во маркет доколку сте гладни. Чувството на глад може да ја измени вашата перцепција за тоа што навистина ви е потребно, а доколку влезете гладни во маркетот може да потрошите повеќе пари од вообичаеното и да купите производи кои не ви се навистина потребни во моментот. Доколку сте навистина гладни а морате да отидете во маркет, најдобро решение е да си направите список на потребните намирници.

Не пијте алкохол на „гладно срце“ бидејќи може да настрадаат желудникот, срцето и бубрезите. Доколку се решите да пиете алкохол, задолжително нешто јадете претходно или замезете. Исто така, кога сте гладни, цигарите и кафето можат да влијаат лошо на вашето здравје а особено да го забрзаат биењето на срцето.

Не расправајте се додека сте гладни бидејќи празниот стомак може несвесно да ве направи нервозни. Доколку влезете во кавга, расправа или сериозна дебата, гладот може да придонесе да кажете нешто несоодветно во дадениот момент.

Не носете важни одлуки доколку не сте јаделе претходно. Поради исцрпеноста на телото и органите поголема е веројатноста да донесете одлука во афект за која подоцна може да се покаете. (МИА)