недела, 16. декември 2018. Вести денес: 66
home Храна и пијалаци

Пет причини зошто мора почесто да јадете круши

Пет причини зошто мора почесто да јадете круши

Jадете почесто круши, бидејќи изобилуваат со хранливи материи кои прават чудо за нашето тело.

Крушата е исклучително здраво есенско овошје, кое има стотина различни видови.
Jадете почесто круши, бидејќи изобилуваат со хранливи материи кои прават чудо за нашето тело.

1. Го поттикнува варењето. Крушата е богата со прехранбени влакна кои благонаклонето дејствуваат на целиот организам, особено на варењето. Таа ја подобрува работата на цревата, па секако консумирајте ја помеѓу оброците.

2. Ги штити срцето. Ова есенско овошје изобилува со флавоноиди, кои нивото на шеќер во крвта го одржуваат стабилно, па нејзиото редовно консумирање се смета за добра превенција за борба против дијабетес тип 2.

3. Го зајакнува имунитетот. Крушата е богата со витамините Б и Ц, добар извор е на железо и калциум, калиум и бакар. Таа го зајакнува имунитетот на телото и ги ублажува процесите во организмот. Во кората се наоѓа моќен антиоксидант кверцетин кој ги спречува разните болести.

4. Спречува проблеми со видот. Морковот не е единствениот плод од природата кој спречува проблеми со видот. Крушата е, исто така, заштитник на овој орган која го намалува ризикот од макуларна дегенерација.

5. Помога во слабеењето. Во 100 г круша се наоѓаат околу 80 калории, па таа припаѓа во групата на овошје со нешто повисока вредност на калории. Иако станува збор за слатко овошје, умереното консумирање се препорачува и кај луѓето кои држат диети или ја одржуваат својата тежина.