вторник, 24. ноември 2020. Вести денес: 129
home Храна и пијалаци

Пчелиниот отров против клетките на ракот

Пчелиниот отров против клетките на ракот

Отровот на пчелите ги уништува агресивните клетки на ракот, откриле научници во лабораториски услови.

Отровот и соединението мелитин што го содржи се користеле во испитувања против два вида карцином, кои инаку тешко се лекуваат: ракот на дојката и меланомот.

Научниците наведуваат дека ова откритие е многу значајно, но дека се потребни натамошни испитувања.

Отровот е тестиран на над 300 медоносни пчели и бумбари и утврдено е дека одредена концентрација ги убива клетките на ракот во рок од еден час, со минимална штета на другите клетки.

Мелитинот ги убива клетките за помалку од еден час, со пробивање дупки на нивната надворешна мембрана.

По 20 минути од примената, тој исто така го нарушува испраќањето на хемиските пораки што им се неопходни на клетките за да растат.

Извор: Убавина и здравје

Коронавирус