вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Палачинки со врела вода: Помеки и поубави не сте пробале

Палачинки со врела вода: Помеки и поубави не сте пробале

Рецепт за најмеките палачинки…

СОСТОЈКИ:
1 јајце
150 гр брашно
1/3 лажичка сода бикарбона
1/2 шолја врела вода
1 шолја кисело млеко
1/3 лажичка сол
1 лажица масло

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Јајцата добро разматете ги, па со непрекинато матење додајте кисело млеко, масло, сол, шеќер и брашно. Треба да се добие глатка смеса.
Исто така, со непрекинато матење додајте сода бикарбона претходно растворена во врела вода. Смесата сега треба да биде со средна густина. Оставете да отстои пет минути, па почнете да печете палачинки на загреана тава со нелепливо дно, која малку сте ја намастиле со масло или путер.

Напомена: Кога од едната страна на палачинката ќе избијат меурчиња, време е да свртите на другата страна и рамномерно да ја испечете.

Добар апетит.

Коронавирус