сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 54
home Храна и пијалаци

Овие лушпи ги фрламе, а многу се здрави: Помагаат за слабеење и помирен сон, а влијаат и на кожата

Овие лушпи ги фрламе, а многу се здрави: Помагаат за слабеење и помирен сон, а влијаат и на кожата

Лушпата од банана содржи многу важни витамини и минерали, а еве зошто треба да ја користите:

Веќе знаеме дека бананите освен што се вкусни содржат високо ниво на калиум, но нутриционистката Сузи Барел тврди дека треба да ја користиме и лушпата- може да го подобри нашиот сон, влијае добро на кожата, а помага и во процесот на слабеење.

Ќе го зголемите вкупниот внес на влакната за најмалку 10 проценти затоа што во лушпата од банана се наоѓаат многу хранливи материи. Внесот на витамин B6 ќе го зголемите за скоро 20 проценти, како и внесот на витамин Ц, калиум и магнезиум.

Без разлика на тоа, нутриционистката ве советува да не ја јадете лушпата од банана заедно со внатрешноста туку да ја искористите за да направите смуди или да ја користите како додаток во јадењето.

Згответе ја лушпата за да омекне и потоа ќе го олесни разградувањето на определените ќелии во кожата, па организмот полесно ќе ги апсорбира нутритиентите. Најпрактично е да ја изблендирате и да ја додадете во смуди. Така ќе ѝ го зголемите нутритивниот состав, а нема значително да го промените вкусот и текстурата. Освен во смуди, може да ја додадете во мафини, леб со банани.

Изразената жолта лушпа на бананата значи дека таа содржи повеќе антиоксиданти кои штитат од рак, додека зелена лушпа содржи аминокиселина триптофан која научниците ја поврзуваат со квалитетен сон. Во зелената лушпа се наоѓаат посебен вид на влакна кои се добри за цревата. Освен тоа, ќе бидете сити подолго време.

Калиумот спречува згрутчување на крвта со што бананите ве штитат од инфаркт. Исто така, во сезоната на грип препорачливо е да јадете банани. Кверцетинот, нутритиент кој се наоѓа во бананите, докажано ги убива вирусите.

Коронавирус