недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 96
home Храна и пијалаци

Ова овошје ќе ве спаси од стомачни проблеми кога патувате

Ова овошје ќе ве спаси од стомачни проблеми кога патувате

Нутриционистката Ребека Готорн вели дека многу е важно што јадете кога сте на патување и дека промената на клима и различна вода за пиење често влијаат на дигестивниот систем.

Таа препорачува да јадете круши за одржување на здрав стомак и црева.

„Комбинацијата на растителни влакна и природни шеќери во крушите помага за одржување на нормална функција на системот за варење и спречува појава на запек“, вели таа.

Ребека го препорачува ова овошје кога имате стомачни тегоби, но особено кога патувате бидејќи често се случува промената на клима или временска зона да влијае на дигестивниот систем.

„Треба да водите грижа за здравјето на дигестивниот систем  и тоа не само кога чувствувате тегоби. Здравиот стомак е важен за да имате повеќе енергија, имунитет и да му овозможите на телото да ги прими сите неопходни хранливи состојки од храната“, вели Ребека.

ЕУРО 2020

Македонија