сабота, 10. април 2021. Вести денес: 86
home Храна и пијалаци

ОВА МОРА ДА ГО НАПРАВИТЕ: Луѓето полудеа по овој колач со банана

ОВА МОРА ДА ГО НАПРАВИТЕ: Луѓето полудеа по овој колач со банана

Состојки:
120 гр пудинг од ванила

200 гр шеќер

1 литар млеко

250 гр маргарин

180 мл павлака

300 гр бисквити

5-6 банани

Декорација:

200 мл слатка павлака

Подготовка:

Ставете го пудингот од ванила во сад и додадете шеќер. Потоа истурете 200 мл млеко и добро измешајте ја смесата добро да се соедини за да нема грутки.

Ставете 800 мл млеко на шпоретот да зоврие. Кога млекото ќе зоврие, намалете ја температурата и постепено истурете ја смесата со пудинг со постојано мешање.

Гответе го пудингот, мешајќи постојано, додека смесата не ја достигне потребната густина, а потоа тргнете ја од шпоретот. Оставете ја смесата малку да се излади.

Истурете ја смесата со пудинг во сад за матење. Додадете маргарин и мешајте додека не се стопи и смесата убаво не се соедини. Потоа додадете павлака и продолжете да матите додека филот не стане компактен.

Искршените бисквити додадете ги во филот и промешајте за да се распредели сè рамномерно.

Филот го делиме на два дела. Ставете еден дел од филот во соодветен плех и израмнете го. Бананите, кои се сечени по должина, распоредете ги над филот. Другата половина од филот ставете ја над бананите.

Оставете ја смесата целосно да се излади.

Изматете ја слатката павлака во шлаг и рамномерно нанесете ја над тортата. Украсете со мелени бисквити.

Ставете ја тортата во фрижидер да отстои неколку часа.

Коронавирус