Храна и Пијалаци од Месопотамија

Ова е најстариот запишан рецепт, направете десерт од само две состојки

Ова е најстариот запишан рецепт, направете десерт од само две состојки

Рецептот доаѓа од Месопотамија и се смета за најстариот пишан рецепт во светот, а се јадел пред 4.000 години.

Овој рецепт содржи само две состојки, кои имаат многу долга историја на Блискиот Исток: урми и ф’стаци.

Состојки:

– 3/4 чаша излупени ф’стаци
– 1 чаша урми, без семки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donnie Dodson (@eatshistory)

Подготовка:

Измелете ги урмите во мазна паста. Можете да користите аван и толчник, сечкалка или едноставно ситно да ги исечкате со нож. Измелете ги или изгмечете ги ф’стаците одделно.

Измешајте половина од мелените ф’стаци со пастата од урми, додавајќи малку вода доколку е потребно за мазна смеса.

Оформете ја смесата во мали, рамномерни топчиња.

Распоредете ги преостанатите ф’стаци на чинија или хартија за печење. Секое топче извалкајте го во ф’стаците, нежно притискајќи од сите страни за да им помогнете да се залепат.

По желба, можете да ја ставите смесата во фрижидер на кратко време за да ѝ дадете поцврста текстура – или да ја послужите веднаш.

To top