среда, 7. декември 2022. Вести денес: 47
home Храна и пијалаци

Ова е најпопуларниот празничен пијалак во САД и Канада

Ова е најпопуларниот празничен пијалак во САД и Канада

Егног (Eggnog) е традиционален популарен пијалак во САД и Канада и многу често се поврзува со зимските празници Божиќ, Нова година и Денот на благодарноста. Во преубавите зимски празници поголем дел од времето го поминуваме дома покрај огин, со нашите најблиски, па затоа чаша убав пијалак секогаш е добредојдена. Вкусете го овој традиционален пијалак и вие.

Потребни состојки за 8 чаши:

12 јајца
1,5 л млеко
500 мл слатка павлака
500 мл бурбон
300 г шеќер
170 мл коњак
2 лажички мелено морско оревче

Во голем сад со помош на миксер, изматете ги жолчките од јајцата заедно со шеќерот. Матете приближно 10 минути додека смесата не добие боја на путер и убаво не се зацврсти. Малку по малку, пополека во садот додавајте ги бурбонот и коњакот. Откако ќе ги додадете овие две состојки, убаво промешајте, а потоа ставете го садот во фрижидер за смесата убаво да се излади. Не оставајте го садот да стои на ладно повеќе од 6 часа.

Штом ќе ја извадите смесата од фрижидер, во неа додадете ги млекото и една лажичка мелено морско оревче и убаво промешајте. Во посебен сад ставете ја слатката павлака и со миксер на најсилна брзина измешајте ја за да добиете цврст крем.

Белките исто така измешајте ги со силна брзина додека не добиете креместа смеса. Откако ќе го сторите ова, измешајте ги заедно со смесата направена од жолчките, а на крајот пополека додадете ја и слатката павлака. Убаво измешајте ги сите состојки заедно и послужете во 8 стаклени чаши. Декорирајте со мелено морско оревче.

извор: bregalnicki.mk

Qatar 2022