вторник, 25. јануари 2022. Вести денес: 27
home Храна и пијалаци

Ова е најпопуларната диета во светот, за 7 дена ќе симнете 5 килограми

Ова е најпопуларната диета во светот, за 7 дена ќе симнете 5 килограми

Ова е една од најпопуларните диети на интернет. Ја викаат зелка-диета, диета на Мејо клиниката или болничка диета. Како и да ја викате, се држи седум дена, за време на кои може да симнете пет килограми.

Еве како се приготвува чорбата:

Потребни состојки:

2 големи главици кромид
2 пиперки
2 конзерви домати
1 врзоп целер
1 главица зелка
3 моркови
1 пакување шампињони
1 до 2 коцки бујон
6-8 чаши вода

Исечкајте го зеленчукот на коцки. Во голем лонец, пропржете кромид на малку масло. Додајте го зеленчукот и прелијте го со вода и коцки бујон. Додајте зачини по желба.

Оставете да зоврие, па намалете на средна температура и оставете да се крчка додека не омекне зеленчукот, околу 30 до 45 минути.

Може да додадете малку сол, бибер или некој друг зачин по вкус, но и зеленчук без скроб, како на пример спанаќ или боранија.

Оваа чорба треба да ја јадете секој ден кога ќе огладнете.

Коронавирус