сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 52
home Храна и пијалаци

Осум намирници кои согоруваат повеќе калории отколку што содржат

Неверојатно, но храната секогаш може да ве изненади.
Осум намирници кои согоруваат повеќе калории отколку што содржат

Луѓето со вишок килограми ќе се воодушеват по оваа вест. Конечно е направен список на намирници кои брзо ги согоруваат калориите, а најдобро од се е тоа што истите „убиваат“ повеќе калории отколку што имаат во себе.

Калориите се неопходни за секојдневно функционирање, но голем број калории може да доведат до вишок килограми, дури и до болести.

Овие осум намирници согоруваат повеќе килограми од тоа што содржат.

Јаболка и портокали

Оние кои сакаат слатко, наместо тоа може да го јадат ова овошје. Јаболката и портокалите содржат пристојна количина на шеќер која може да ги задоволи вашите потреби. Истовремено, ова овошје ја подобрува состојбата на вашиот организам и доведува до губење на килограмите.

Познато е дека јаболката се одговорни за намалување на ризикот од срцеви заболувања, карциноми, па и Алцхајмер. Портокалите помагаат во редукција на сите срцеви заболувања. Нивната моќна состојка, го намалува нивото на холестерол во крвта и исто така го спречува срцевиот удар.

Папаја

100 грама папаја содржат 43 калории.

Покрај тоа, папајата содржи витамин Ц и антиоксиданс бета-криптоксантин кои спречуваат настанување на полиартритис. Влакната на оваа намирница се добри за одржување на холестеролот во нормала.

Папајата е полна со витамини Ц,Е и А.

Грејпфрут

Иако грејпфрутот не влијае толку многу за калориите, тој е најздравата опција за почеток на денот.

Содржи 74 калории по чаша и многу антиоксиданси кои во комбинација го топат салото на здрав и ефикасен начин.

Бадем

Бадемите веќе некое време се најбараната намирница, бидејќи е докажано дека ги намалува килограмите. Тој е дел речиси од секоја диета.

Бадемите се и извор на енергија.

Карфиол

Карфиолот  е одличен на топење на килограмите и согорување на калориите. Преполн е со влакна, јаглени хидрати и витамин Ц, што е вистинска „бомба“ за здравјето.

Брусница

Освен што е диетална, брусницата е полна со природни киселини кои неповратно ги уништуваат масните наслаги.

Целер

100 грама целер содржи 16 калории.

Околу 75 проценти од целерот е вода, а 25 проценти се влакна. Поради оваа количина на вода е јасно дека целерот убива повеќе калории.

Краставица

И оваа намирница содржи вода и може подолго време да ве одржи хидрирани. Во исто време ги топи вашите килограми и ги согорува калориите.

Содржи многу витамин Ц и е вистински непријател на бактериите и вирусите.

Коронавирус