вторник, 18. јануари 2022. Вести денес: 83
home Храна и пијалаци

Омилениот пијалак го открива вашиот карактер: Виното го сакаат пристапните и совесни луѓе

Омилениот пијалак го открива вашиот карактер: Виното го сакаат пристапните и совесни луѓе

Тим научници од Австралија откри дека постои врска помеѓу карактерот на поединецот и неговиот омилен пијалак, како и местото каде што го консумира.

Долго време се верувало дека одредени типови на луѓе пијат одредени видови пијалаци. Така, се верува дека оние кои сакаат виски имаат висока самодоверба, додека пивопијците се опуштени и знаат да уживаат.

Ова верување неодамна беше потврдено со научни истражувања на голем број испитаници.

Тим научници од Австралија откриле дека постои врска помеѓу карактерот на поединецот и неговиот омилен пијалак, како и местото каде што го консумира.

Студијата била предводена од Питер К. Џонсон и вклучувала 1.232 Австралијци; половина биле жени, половина мажи, просечна возраст 45,79 години.

Истражувачите ги прашале каде најчесто консумираат алкохолни пијалаци и каков вид преферираат, а испитаниците добиле и писмен тест во кој требало да откријат со што се занимаваат, дали се задоволни од својот живот, дали им веруваат на другите луѓе и слично.

Џонсон и неговите соработници извршиле статистички анализи, откривајќи ги потенцијалните врски помеѓу преференциите поврзани со алкохолот и карактерот.

Откриле дека оние кои сакаат да пијат дома се попесимистични и генерално потажни од оние кои консумираат алкохол во кафуле. Луѓето кои претпочитаат да наздравуваат во кафулиња се екстровертни, сакаат да се дружат и се повесели.

Според тоа истражување, љубителите на пивото и виното се задоволни од својот живот и се поотпорни на непријатности. Покрај тоа, виното го сакаат оние кои се пристапни и совесни, а пивото оние кои се едноставни, отворени и опуштени. Резултатите покажале и дека оние кои сакаат сајдери и жестоки пијалаци се најневротични.

Научниците велат дека овие податоци се многу интересни, но дека се потребни повеќе истражувања на оваа тема, пишува Psychology Today.

Коронавирус