петок, 22. март 2019. Вести денес: 110
home Храна и пијалаци

Одличен начин да ги испечете највкусните компири во рерна

Одличен начин да ги испечете највкусните компири во рерна

Вака подготвените “пржени” компирчиња се многу вкусни, а многу поздрави од тие што ќе ги испржите во масло.

Потребно е:
компири
неколку белки од јајца
зачини по желба

Подготовка:

– Компирите излупете ги, измијте ги убаво и исечете ги на тенки ленти (како за помфрит). Исушете ги убаво со салвета.

– Белките (колку белки ќе ви требаат зависи од количината на компири кои сакате да ги печете) изматете ги убаво со вилушка и внатре додадете ги зачините, по вкус.

– Исечените компири потопете ги во изматените белки и распоредете ги во тава обложена со хартија за печење или пак само намастена со масло.

– Ставете ги да се печат во загреана рерна на 220 целзиусови степени додека не поруменат.

– Белките во текот на печењето ќе ги направат компирчињата крцкави и нема да бидат воопшто масни. (МИА)