недела, 21. октомври 2018. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Одличен доручек: Запечен леб со сирење и лук

Одличен доручек: Запечен леб со сирење и лук

Рецептот е толку едноставен што за миг ќе уживате во неодоливите залаци!

СОСТОЈКИ:

1 леб

5 лажици путер

2 лажици маслиново масло

3 чешниња лук

оригано

1 шолја моцарела сирење

сол

бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Исечете го лебот на парчиња со дебелина од 2,5 – 5 см.

Во мал сад измешајте путер, маслиново масло, лук, оригано, сол и бибер. Распоредете рамномерно по парчињата леб.

Наредете ги во намастен лим за печење и внимателно печете под горниот греач околу 5 минути, односно додека малку не поруменат.

Извадете ги од печка, посипете со изрендано сирење моцарела и печете ги уште 2-3 минути додека сирењето не се растопи.