петок, 18. септември 2020. Вести денес: 23
home Храна и пијалаци

Никогаш не го чувајте чоколадото на ова место во домот, повторуваме – никогаш!

Никогаш не го чувајте чоколадото на ова место во домот, повторуваме – никогаш!

Можеби во текот на летото копнеете по коцка ладно чоколадо, но експертот Сара Хартнет тврди дека чоколадото никогаш не треба да го ставате во фрижидер.

Имено, нејзиниот совет е да го консумирате само ако стои на собна температура.

Како што истакнува, ако се чува во фрижидер, чоколадото може да има различен вкус, односно може да ја прими аромата на храната што е во  фрижидерот.

-Сигурно не сакате чоколадото да има вкус како кромид или лук, вели Сара.

Друг дел од нејзиниот совет е како да консумирате чоколадо. Таа вели дека коцката чоколадо треба да ја мириснете пред да ја ставите во уста.

-Чоколадото се чувствува со повеќе сетила. Миризбата одредува приближно 80 проценти од нашиот вкус. Мирисот на чоколадо ќе ви го подготви сетилото за вкус и ќе ви ја навлажни устата, така што вкусот ќе биде сосема различен, рече таа.

Коронавирус