четврток, 13. мај 2021. Вести денес: 123
home Храна и пијалаци

НИ ДОАЃА ВЕЛИГДЕН: Еве идеја како да ги фарбате јајцата со бело вино – ќе ви светкаат!

НИ ДОАЃА ВЕЛИГДЕН: Еве идеја како да ги фарбате јајцата со бело вино – ќе ви светкаат!

Белење на јајца е прва фаза на боење јајца во бело вино. Можете да избелите јајца без оглед на кој начин на украсување ќе се одлучите или едноставно, купете бели јајца.

Кога ќе ги избелите јајцата, варете ги само две минути, бидејќи после тоа се варат во вино. Важно е јајцата да бидат малку оладени затоа што виното и јајцата треба да имаат приближна температура.

Значи, изладените јајца истријте ги со острата страна на чист сунѓер, измијте ги, наредете ги во лонец и прелијте ги со млако вино.

Јајцата обоени во вино (бело или црно) имаат бисерен сјај. Можете да комбинирате бело и црвено вино, ќе добиете посветла виолетова нијанса. Можете да додадете бои за јадење (бои за колачи и торти) на белото вино за да добиете друга боја или да ставите куркума ако сакате жолта боја.

За половина литар бело вино, 1 кесичка боја за колачи (3g) и 100 грама шеќер ќе бидат доволни. Избелените јајца истурете ги врз виното во кое сте ја раствориле бојата (или куркумата) и шеќерот. Гответе ги 10 минути. Оставете ги да се оладат во виното и најдобро е да преноќат така.

Извадете ги јајцата и оставете ги да се исушат.

Избелените јајца варени во бело вино добиваат бисерен сјај кога ќе се исушат.

Коронавирус