недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 81
home Храна и пијалаци

Нешто на лажица: Вариво од црвена леќа што ќе ве закрепне и ќе ви го зајакне имунитетот

Нешто на лажица: Вариво од црвена леќа што ќе ве закрепне и ќе ви го зајакне имунитетот

За приготвување на варивото, наместо свежи, можете да користите и пиперки од замрзнувач

Состојки:
2 главици црвен кромид
2 средни моркови
1 среден пашканат
2 помали пиперки
250 г лупени домати
130 г црвена леќа
1 лажиче шеќер
100 мл бело вино
1 лажица сечкан магдонос
црн пипер
масло
сол

Приготвување:
Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите и пашканатот се лупат и се сечкаат на крукчиња.

Пиперките се чистат од дршките и од семките и се сечкаат на покрупни коцки.

Во тенџере на малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите и пашканатот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

Се додава белото вино и се динста додека испари течноста. Се додаваат пиперките и понатаму се вари со долевање по малку вода, додека омекнат наполу.

Се додаваат лупените домати и шеќерот, па се налева со вода, да пливаат состојките, и се вари додека зоврие.

Се додава црвената леќа и се зачинува по желба. Се вари на умерена температура додека омекне леќата. Готовото јадење се посипува со сечкан магдонос.

Извор: Добра храна

Коронавирус