сабота, 24. јули 2021. Вести денес: 48
home Храна и пијалаци

НЕОДОЛИВИ ПРИНЦЕС КРОФНИ, воздушести, кремасти и повкусни од оние на мама

НЕОДОЛИВИ ПРИНЦЕС КРОФНИ, воздушести, кремасти и повкусни од оние на мама

Овој исклучително лесен колач со ванила не само што има одличен вкус и мирис на детството, туку всушност е многу лесен за подготовка.

Состојки:

4 шолји вода

2 шолји масло

10 лажици брашно

4 јајца

1 литар млеко

3 пудинзи од ванила

4 лажици шеќер

1 маргарин

250 гр шеќер во прав

Шлаг крем по желба

Подготовка:

Истурете ги водата и маслото во сад и оставете да зоврие. Потоа додадете го брашното и мешајте да не останат грутки. Почекајте малку да се олади, а потоа додадете ги јајцата, едно по едно. Истурете ја смесата во шприц и ставете ги крофните во подмачкана тава. Печете на 200 степени околу 20 минути. Оставете да се олади.

Ставете го млекото да зоврие, а за пудингот во прав издвојте 0,2 дл од млекото. Измешајте го пудингот со млекото и шеќерот за да не останат грутки, а потоа додадете го во зовриеното млеко. Мешајте околу 5 минути, а потоа оставете да се излади. Во посебен сад изматете го маргаринот со шеќерот во прав и додајте го во изладениот пудинг. Исечете ја секоја крофна на средина и ставете една лажичка фил и една лажичка шлаг. Оставете во фрижидер 2 часа, а потоа послужете.

На здравје!

Коронавирус