петок, 25. септември 2020. Вести денес: 15
home Храна и пијалаци

Неодолив вкус: Италијански сладолед од кафе, направете сами

Неодолив вкус: Италијански сладолед од кафе, направете сами

Италијански сладолед од кафе. Звучи неодоливо, нели? Направете сами!

Потребни состојки:
  • 9 жолчки од јајце
  • 200 грама шеќер
  • 500 мл млеко
  • 125 грама кафе
  • 300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
  1. Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.
  2. Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да се вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути. Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
  3. Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени. Кога малку ќе се стопли тргнете ја од оган, повторно процедете и оставете да се излади. Потоа додајте ја слатката павлака и замрзнете ја смесата.

Коронавирус