понеделник, 28. септември 2020. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Нема да му одолеете на ова слатко задоволство: Направете си чоколаден леб каков што досега немате пробано

Нема да му одолеете на ова слатко задоволство: Направете си чоколаден леб каков што досега немате пробано

Ваков десерт сигурно не сте пробале досега. Направете го уште утре.

Потребни состојки:

  • 180 г путер, омекнат на собна температура
  • 180 г шеќер
  • 3 јајца, матени
  • 125 г саморастечко брашно
  • 100 г мелени бадеми
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 100 мл млеко
  • 4 лажици какао
  • 200 г млечно чоколадо (исецкано)
  • 200 г бело чоколадо (исецкано)

Начин на подготовка:

  1. Загрејте ја рерната на 150 степени.
  2. Ставете ги путерот и шеќерот во сад и мешајте со миксер сè додека не добиете лесна и воздушеста структура.
    Додадете ги јајцата, брашното, бадемите, прашокот за пециво, какаото и млекото. Продолжете со мешањето. Треба да добиете убава смеса.
  3. Потоа, исецкајте ги чоколадите и додадете ги во неа. Промешајте. Намачкајте долгнавесто тавче со зејтин и сипете ја смесата внатре.
  4. Ставете го тавчето во центарот на рерната и оставете да се пече околу 45 минути. Доколку сакате внатрешноста да биде поцврста, оставете да се пече уште 5 до 10 минути повеќе.
  5. Кога ќе биде готов чоколадниот леб, оставете го да се излади, па исечете го на парчиња.

Послужете додека е сè уште топол и свеж. Како прилог можете да употребите шолја чај и вкусни свежи малини.

ДОБАР АПЕТИТ!

Коронавирус